ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Следната недела еко акција за чиста Галичица

Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 12-ти септември ќе се одржи еко акција за чиста Галичица.

Ќе бидат опфатени едукативната патека „Галичица на дланка” и „Зелената училница”.

– Ајде да ја промениме лошата слика во Националниот парк Галичица. Едукативната патека „Галичица на дланка” и „Зелената училница” да ги направиме повторно чисто место каде што ќе се едуцираат нашите деца, порачуваат од паркот.

Почетокот е закажан за 09:00 часот, а збирно место е инфо центарот на НП „Галичица“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука