Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите „Распеани Рибарчиња“ вечерва настапија на големата сцена „Долни Сарај“ во Охрид.
Според познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски, кој е носител на приказната со фестивалот „Распеано рибарче“, настапот беше можност за младите музички ѕвезди да се почуствуваат исто и рамноправно како големите ѕвезди.
Настанот беше дел од програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото „Културата расте со децата“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 161