Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Вечер за паметење пред црквата „Св. Богородица Перивлепта“, годишен концерт на ВИС „Билјана“

Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Публиката вечерва имаше ретка и незаборавна можност, во предворjето на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, да ужива во врвна музика со исклучителните инструменталисти од ВИС „Билјана“, кои го одржаа традиционалниот годишен концерт.

Овој прекрасен настан, годинава се одржа по дванаесетти пат и повторно ги оживеа прекрасните звуци на староградската песна. Специјален годстин беше Вера Милошевска Јосифовска од познатата група „Љубојна“.

Вечерашниот настан беше уште еден доказ дека публиката во Охрид е желна за вакви настани и совршен патоказ за тоа што и како Охрид треба и мора да понуди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Mitko Lukan

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука