Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членови на Здружението на љубители и подржувачи на Националниот парк „Галичица“, во содејство и логистичка поддршка од ренџерската служба при паркот денеска извршија подигнување на дива депонија во атарот на селото Рамне.
– Во наредниот период со помош на донатори во соработка со Националниот парк „Галичица“ ќе се пристапи кон воспоставување на мониторинг мрежа, доброволна чуварска служба која ќе врши ЕКО патроли и полесно ќе се справи со овие девијантни појави, информираат од Здружението.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 58