Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Турскиот кошаркар, кој е роден во Охрид Џеди Осман ќе потпише договор со Панатинаикос, објави претседателот на клубот Димитрис Јанакопулос.
Осман се враќа во Европа откако ја мина сезоната во Сан Антонио Спарс, а претходно шест години играше за Кливленд Кавалирс.
Во трка за потписот на Осман, периодов наназад беа и белградски Партизан, Реал Мадрид и екипата на Анадолу Ефес. (Крај)
извор: kurir.mk фото: архива
Прочитано: 59