Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти септември 2024 година, во 23:45 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници приведоа 20-годишно лице од Охрид.
– При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана и еден грендер со остатоци од марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес
Прочитано: 31