Скопје, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 30-ти август до 5-ти септември 2024 година, пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период (n=17), информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија.
Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје (n=14; 56,0%), а пријавени се и 5 случаи од Тетово, 3 од Кратово, 2 од Куманово и еден од Крива Паланка.
Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под 1 година (n=8; 32,0%). Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста.
Од новите случаи (n=25), 5 (20,0%) беа хоспитализирани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива