Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Следниот викенд, на 14-ти и 15-ти септември Охрид ќе биде домаќин на второто издание на велосипедскиот тренинг камп во рамките на кој учесниците ќе имаат можност да уживаат со велосипеди по брегот на Охридското Езеро и да се искачуваат по ридовите на Националниот парк „Галичица“.
– Патеките за обука се во три правци дизајнирани да понудат што е можно поголема разновидност на теренот. Првиот ден опфаќа еднодневно возење во Националниот парк „Галичица“ кое вклучува искачувања и возење велосипед по живописните предели околу Охридското и Преспанското Езеро. Во рамките на вториот ден предвидено е брзо возење по течението на реката Црн Дрим во кањонот помеѓу неколку планини, а третиот ден е шлагот на тортата, односно возење околу целото Охридско Езеро во рамките на кое ќе можете да уживате во прекрасните глетки додека се возите по брегот и се искачувате на полуостровот Лин. Не го заборавајте пасошот, порачуваат организаторите.
Додаваат дека во текот на целото возење е обезбедена поддршка со резервно комбе кое ги следи велосипедистите, носи храна, ладни пијалоци и сите потребни алати и резервна опрема. За учесниците може да се обезбеди сместување, блиску до центарот на градот.
Повеќе информации за настанот на официјалната веб страна. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива