Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Членовите на клубот „Акватик јахтинг“ со одлични резултати на „Шарлов куп 2024“ во Смедерево

Охрид/Сведерево, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Клубот „Металац“, од 6-ти до 9-ти септември 2024 година, во Смедерево, Република Србија, се одржа „Шарлов куп 2024“ во класите 470, ILCA 4, ILCA 6 и Оптимист.

Годинава учествуваа околу 70 учесници од едриличарски клубови во Србија и натпреварувачи од Република Македонија, членови на клубот „Акватик јахтинг“ од Охрид.

Нашите натпреварувачи освоија медали во следните класи:

ILCA 6
-Софија Ставрева – 2. место
-Јана Неданоска – 3. место

ILCA 4
-Илина Гаџовска – 3. место

Оптимист генерален пласман женска категорија
– Мила Булатовиќ – 1. место

Оптимист под 12 години женска категорија
-Дарија Зографска – 2. место

Оптимист од 12-14 години машки
-Петар Филоски – 2. место (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука