ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Осман пристигна во Атина, го пречекаа навивачи на Панатинаикос

Атина/Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Турскиот кошаркар Џеди Осман, пристигна во Атина откако потпиша договор со европскиот првак Панатинаикос, и како ѕвезда беше пречекан од фанови на Зелените детелинки, но тоа не беше ниту приближно до атмосферата која ја приредија навивачите на Олимпијакос при пречекот на Еван Фурние.

За Осман кој е роден во Охрид, а неговиот брат Џанер во минатото играше за младинските селекции на Македонија, интерес имаше од неколку големи европски клубови, но на крај реши да ја прифати понудата од тимот чиј тренер е Турчинот Ергин Атаман, јави sportmanija.mk.

Претходните седум сезони, Осман играше во НБА лигата, за Кливленд кавалирс и Сан Антонио спарс. (Крај)

извор: sportmanija.mk фото: sportmanija.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука