Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Меѓународна конференција на издавачи „Млади европски приказни“ во Охрид

Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Издавачи од Европа ќе се сретнат во Охрид од 10 до 12 септември, во рамки на проектот Млади европски приказни/Young European Stories на издавачката куќа „Чудна шума“.

Ова е втора меѓународна конференција во рамки на проектот „Млади европски приказни“ што ја организира „Чудна шума“, по минатогодишната успешна конференција која се одржа на крајот на август, исто така во Охрид.

Конференцијата се одржува под мотото „Кажи ДА за добра книга“ (кое е мото и на целиот проект „Млади европски приказни“), а учесници, покрај „Чудна шума“, се партнерите-издавачи од проектот: „Мителдојчер ферлаг“ од Германија, „Ибис графика“ од Хрватска, „Одисеја“ од Србија и издавачката куќа „Гаврош“ од Македонија.

На конференцијата, која се одржува од 10 до 12 септември во Охрид, издавачите ќе споделат искуства од својата работа и предизвиците со кои се соочуваат помалите, квалитетни и некомерцијални издавачи во Европа и пошироко, како и потребата за вмрежување, заедничка соработка и можностите за проширување на соработката во иднина. Посебен акцент на конференцијата ќе се стави на можностите за превод на квалитетни дела од помали јазици на поголемите книжевни пазари, како Германија, Италија, Франција, Шпанија, Велика Британија… (Крај)

извор: Нова Македонија Нова Македонија

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука