Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава

Кичево/Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против девет лица по член 235 став 3 од Кривичниот законик поради основано сомнение за сторено кривично дело „кражба“, а против две од овие лица е поднесена и кривична пријава по чл.382 „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“. Сите девет лица се лишени од слобода и со кривичната пријава се предадени во ОЈО Кичево за понатамошна постапка.

– Во текот на вчерашниот ден, 8-ми септември 2024 година, во координирана акција на Одделот за криминалистичка полиција, СВР Охрид и Одделот за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување, на територија на општина Кичево во место викано „Кутуров дол“ затекнати се лица во незаконска сеча и дотур на дрва за огрев во шумски предел, и покрај активната забрана за движење во шума. Лицата биле без соодветни дозволи и документација за сеча, дотур и превоз на огревни дрва. Од лицата се одземени мобилните телефони и предмети за кои се претпоставува дека ги користеле за извршување на кривичното дело, како и товарно моторно возило „Ман” и џип „Опел фронтера“, двете со кичевски регистарски ознаки. Исто така, во месноста викана „Мала река“ лишени од слобода се три лица и одземени се два трактора со приколки и едно возило „Цитроен џампер“, како и моторна пила и повеќе канистри за бензин, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: МВР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука