Забава Избор Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнува 16. издание на ПриФест, филмот „Chasing Dreams“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски меѓу избраните за Best Pitch Competition

Охрид/Приштина, 10. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Приштина започнува 16. издание на ПриФест на кое филмот „Chasing Dreams“ на познатиот охридски режисер Илија Пиперкоски е меѓу 7-те избрани проекти во делот за Best Pitch Competition на платформата на филмската индустрија PriForum.

– Јас сум длабоко фасциниран од издржливоста на човечкиот дух и различните начини на кои луѓето се движат во своите надежи и соништа. „Chasing Dreams“ е лично истражување на овие теми, инспирирано од реални набљудувања и приказни на луѓе со кои сум сретнал, изјави неодамна за Супер радио и OhridPress Пиперкоски.

Додава дека се надева дека ќе создаде наратив кој зборува за заедничките аспирации и предизвици кои не обединуваат сите нас како луѓе. „Chasing Dreams“ е во режија и по сценарио на Пиперкоски, а продуцент е Огнен Антов.

Избраните проекти и учесници од регионот ќе се натпреваруваат за финансиски награди доделени од Косовскиот кинематографски центар и „Нептун“ и награда за постпродукција доделена од косовската компанија „In My Country Productions“. Проектите, исто така, ќе имаат корист од обуката за пичинг, како и од консултации за пишување сценарија и и креирање буџет за време на PriFest.

Шеснаесеттото издание на ПриФест ќе се одржи од 10-15 септември 2024 година.

Филмскиот фестивал во Приштина посветува големо внимание на филмската индустрија. Еден од најважните серии на настани е Приштински Филмски ФОРУМ (PriFORUM) – Регионални копродукциски настани. ПриФОРУМ е платформата на филмската индустрија на фестивалот која се состои од голем број настани што ги собираат филмаџиите од Балканот и Европа во срцето на Косово. ПриФОРУМ соработува со многу меѓународни организации и мрежи за да организира серија работилници, мастер класи, обуки и предавања за гости од индустријата, студенти, публика и млади филмаџии.

Низ годините, PriFORUM се разви во центар за средби на регионалните филмаџии. Програмите на ПриФОРУМ – го ставија фестивало на мапата на важни индустриски настани во регионот. За разлика од поголемите фестивали и филмски пазари, PriFORUM на PriFest нуди поинтимен амбиент кој обезбедува повеќе можности за вмрежување, соработка и секако нови пријателства. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука