Охрид, 11. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Lady Gaga и Bruno Mars го имаат малку задоцнетиот кандидат за песна на летото. Станува збор за фантастичната „Die with a Smile“, која е прва соработка на мега поп ѕвездите, а резултатите веќе ги надминаа сите очекувања.
Во дуетот, и двајцата испорачуваат балада во која раскажуваат за една вистинска љубов која треба да го издржи тестот на времето. Двојката објави и спот за песната што доби одлични критики поради нејзината атмосфера инспирирана од 70-тите.
До соработката дошло еден ден кога Mars ја поканил Gaga во неговото студио каде работел на нова музика. И’ ја пуштил песната и останатото е историја, верувале или не, песната била завршена истиот ден.
Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива