Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врвниот македонски гитарист, охриѓанецот Дамјан Пејчиноски, во сабота на 14-ти септември повторно има настап надвор од границите на Република Македонија.
На 13-ти и 14-ти септември Петровац на Млава ќе стане центар на изворната рок музика, кога на Градскиот плоштад ќе се одржи осмото издание на музичкиот фестивал Рокеријада. Од 2017 година, фестивалот на едно место собира млади и талентирани бендови, а годинешната програма ветува дека ќе биде најдобра досега, со настап на десет извонредни авторски бендови од целата земја и регионот.
– Ќе настапат Дамјан Пејчиноски од Македонија, светски познат виртуоз на гитара и групите DRAM, Senshi, Forever Storm, Quasarborn, Lisilo, Kulise, Walt Pop, Divert и Iznogud, порачуваат организаторите на фестивалот.
Додаваат дека годинешниот избор на изведувачи е внимателно направен со цел на публиката да и’ се обезбеди врвна музичка содржина. Како и претходните години, сите приходи од фестивалот ќе бидат донирани во хуманитарни цели, што ќе го направи овој настан уште попосебен по неговото значење за заедницата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива