Забава Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Забележителен настап на камерниот оркестар „Анима“ од Варна и музичарите од ООМУ „Методи Патче“ во црквата „Св. Софија“

Охрид, 10. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, неодамна настапи камерниот оркестар „Анима“ од Варна, Република Бугарија под диригентската палка на Георги Зајранов.

– Покрај концертната програма која што ја изведоа професионалните музичари од камерниот оркестар „Анима“, учество зедоа и нашите ученици: Михаил Стојаноски на хармоника, Виктор Србиноски на виолина и Стефан Таштаноски на хармоника. Огромна благодарност до камерниот оркестар „Анима“. За нашите ученици ова беше неверојатно искуство и се надеваме на успешна соработка и во иднина, потенцираат од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука