News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
септември 11, 2024

Охрид, 11. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 22. степени.

– Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од петок се очекуваат нови врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во сабота ќе дува засилен северен ветер, кој во наредните денови ќе услови опаѓање на температурата на воздухот и ќе биде под просекот за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука