Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Нашата Зарина Првасевда ќе настапи на Womex, најголемата музичка конференција во Манчестер, Англија

Скопје, 11. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Девојката со моќен и неповторлив глас, македонскиот славеј Зарина Првасевда, на 26-ти октомври ќе настапи на Womex, најголемата музичка конференција на глобалната музичка сцена во Манчестер, Англија.

– Драги пријатели, многу сум среќна и возбудена да споделам со вас многу голема вест за мене. Една од моите најголеми желби се остварува на 26-ти октомври – свириме на најголемата музичка конференција на глобалната музичка сцена Womex во Манчестер, Англија. Бескрајно среќна и возбудена, порача Зарина.

– Истражувајќи ги замрсените корени на традиционалната музика на Балканот, наградуваната македонска уметница Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбл го слават разновидниот класичен фолклор на регионот преку неконвенционални аранжмани, динамични ритми и современ филмски пристап, стои во официјалната објава на профилите на Womex.

Таа е врвен музичар, вљубеник во планините, девојка која совршено знае македонската традиционална песна да ја изведе чисто интонативно, автентично, без никаква дополнителна обработка.

Зарина доаѓа и ќе пишува музичка историја. Подгответе се, отворете го срцето и уживајте. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука