Охрид, 11. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Билтенот на МВР носи информации за два случаи во кои полицијата пронајде дрога кај лица од Штип и Охрид.
На 10-ти септември 2024 година, во 22:50 часот на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 19-годишно лице од Штип. При контрола на патничко возило марка „Ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени марихуана и грендер со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10-ти септември 2024 година, во 16:45 часот на улицата „Егејска“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид приведоа 20-годишно лице од Охрид затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес