Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Граѓаните кои поднеле барања за замена на лични карти до 23-ти август можат да ги подигнат во Одделението во Охрид

Охрид, 11. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Отсекот за управни работи при СВР Охрид ги информира граѓаните, кои до 23-ти август оваа година поднеле барања за замена на старите лични карти, патни исправи и возачки дозволи, со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на Одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

– Во Охрид, тоа можат да го направат секој работен ден од 07:30 до 18:00 часот додека во другите градови до 16:00 часот. Отсекот за управни работи при СВР Охрид секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од граѓаните, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука