Атина/Охрид, 11. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Турскиот кошаркар, кој е роден во Охрид, Џеди Осман имал можност да остане во НБА-лигата, но ја одбил понудата на Лос Анџелес Лејкерс.
Осман реши да се врати во Евролигата, каде што во иднина ќе го носи дресот на грчкиот гигант Панатинаикос.
„Еурохупс“ објави дека 29-годишниот кошаркар добил понуда од Лејкерс, но Осман ја одбил затоа што не бил задоволен од условите. (Крај)
извор: supersport.mk фото: supersport.mk
Прочитано: 151