Скопје/Охрид, 12. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Текбол Асоцијацијата на Република Македонија, во сабота, на 14-ти септември 2024 година, во малата сала на Спортскиот Центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи првиот македонски турнир во Текбол.
На натпреварот, кој ќе започне во 12:00 часот во две категории men single и men doubles, во двете категории ќе настапи и македонскиот репрезентативец, охриѓанецот Димитар Пејчиноски, кој важи за еден од нашите најдобри текери.
– Бесплатното пријавување на екипи во двете категории трае до петок до 22:00 часот. Влезот за публиката е бесплатен. На натпреварувачите им посакуваме среќа и успех, а публиката ја повикуваме да се забавува со нас. Се гледаме во сабота, порачуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива