Економија Избор Локална самоуправа Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Со 10 проекти Општина Охрид аплицира на владиниот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти

Охрид, 12. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со 10 инфраструктурни проекти, Општина Охрид аплицираше на Јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

Станува збор за следните проекти:

– Реконструкција на улица во село Пештани;
– Реконструкција на улица во село Подмоље;
– Реконструкција на улица во село Долно Лекочереј;
– Реконструкција на водоводна линија на улицата „Кленоец“ ЛТХ „Леарница;
– Реконструкција на пешачки улици во рамките на градските гробишта во Охрид;
– Реконструкција на локален пат од крстосница за село Рамне до црквата „Свети Атанасиј“;
– Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“;
– Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од улицата „Кленоец“;
– Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“;
– Рехабилитација на дел од локален пат за село Куратица.

Според најавите, ќе се работи и на подобрување на условите за живеење во сите урбани и рурални средини во Општина Охрид.

– Ова останува наш приоритет и продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на граѓаните, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука