ЕКОЛОГИЈА Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МЖСПП подготви Национална стратегија за управување со отпад

Скопје/Охрид, 12. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 година.

Стратегијата, како што велат од Министерството ја претставува националната политика за управување со отпад во Република Македонија и претставува почетна точка за подготовка и имплементација на интегриран и економичен систем за управување со отпад усогласен со националното и ЕУ законодавство и барања за отпадот.

– НСУО ги поставува насоките за правилно управување со цврст отпад (УЦО) за следните 12 години заснован на принципите на одржливост и служи како основа за управување со сите текови на отпад. Општата цел на НСУО 2024-2036 е да развие одржлив, интегриран систем за управување со отпад со цел зачувување на ресурсите, заштити на здравјето на населението и превенција и намалување на негативните влијанија врз животната средина, намалување на емисиите на стакленички гасови и деградацијата на земјиштето, појаснуваат од МЖСПП.

Со цел вклучување на јавноста, се организираа шест јавни расправи во земјата во Тетово, Штип, Струмица, Охрид, Битола и Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука