Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со претставници на ИПА Охрид

Охрид, 13. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод претстојниот 67. Светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА), кој од 17-ти до 22-ри септември оваа година, ќе се одржи во Охрид, градоначалникот, д-р Кирил Пецаков оствари работна средба со претседателот на ИПА Охрид Стефан Димоски и началникот на СВР Охрид Игор Смилевски, кој е генерален секретар на ИПА Охрид.

Притоа, претседателот Димоски, на градоначалникот Пецаков, му врачи покана за учество на Светскиот конгрес и го запозна со целокупната агенда на сите активности поврзани со овој највисок репрезентативен собир на државите и полициите од светот-членки на ИПА.

На средбата, во знак на благодарност за дадениот придонес и поддршка во работата и развојот на ИПА Охрид, на градоначалникот му беше доделена почесна ИПА картичка и ИПА значка со што, градоначалникот Пецаков стана ИПА пријател и почесен член на ИПА Охрид.

Градоначалникот Пецаков, ја прими и велосипедската статуетка од вело манифестацијата „На точак, Охрид и Струга да видам“, најзначајната вело манифестации што осма година по ред, ИПА Охрид ја организира со вело тура Охрид-Струга-Радожда, и ја афирмира потребата од изградба на современа и безбедна вело патека Охрид-Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука