News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
септември 13, 2024

Охрид, 13. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 25. степени.

– Денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Утре ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука