Охрид, 13. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти септемви во 1903 година околу 2.000 жители од Охридско, пред силниот налет на Бахтијард-пашовата туска војска што пустошеше се’ пред себе, побара засолниште во месноста „Рашанец“.
Со помош на предавник, турската војска го скрши и овој востанички отпор на македонското население од овој крај во времето на Илинденската епопеја.
Масакрот во Рашанец е колеж врз македонското население извршен од страна на турскиот аскер за време на Илинденското Востание во 1903 година во кој настрадале 200 луѓе. Востанието во охридско кое го предводел војводата Христо Узунов се одвивало во осумдесетина села. Кај Рашанец, охридските востеници за да го спасат населението од терор и колеж формирале бегалски логор каде имало 2.000 луѓе.
Логорот го обезбедувале 120 востаници од четите на војводите Аргир Маринче, Никола Митрев, Цветко Стојанов и други кои не можеле да се спротистават на 3.000 турски аскер во одмазничкиот налет предводени од Бахтијард-паша. Масакрот траел 15 часа, а Аргир Маринчев и неговите четници го задржувале непријателот се’ додека имале муниција. Последните куршуми ги задржале за себе, извршувајќи саможртва.
Околу 200 жители од Охридско загинаа во борбата на „Рашанец“. Меѓу загинатите беше и војводата Аргир Маринче, кој со својата храброст им даде пример на сите борци како треба да се борат за слободата на својот народ.
Аргир Маринчев е роден во 1870 година во Охрид. Како учител во родниот град тој се оддал на револуционерна дејност, поради што бил во лоши односи со егзархискиот владика. Учествувал на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива