Охрид ТОП ВЕСТИ

УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд и температура до 23. степени

Охрид, 14. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Утре ќе дува засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70 км/ч), а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука