Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Дефект на возило предизвика отежнато одвивање на сообраќајот на кружниот тек кај поранешна „Охридија“

Охрид, 14. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Технички проблем на возило предизвика потешкотии во одвивањето на сообраќајот на кружниот тек кај поранешна „Охридија“, на пресекот на булевар „Туристичка“ и улицата „АСНОМ“.

Според првичните, неофицијални информации, комбе со тетовски регистерски ознаки имало проблем со десното тркало, по што истото блокираше дел од коловозот.

Сообраќајот на овој потег одреден период се одвиваше отежнато. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука