Охрид, 15. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанките Лина Луканова и Тамара Лазеска се дел од македонската репрезентација во женски фудбал која настапува на осмото издание на „Female Football Tournament“ во Италија.
Станува збор за меѓународен фудбалски настан за женските репрезентации до 17 години во организација на ASD Sms-Sport Movimento Salute.
Нашата репрезентација со 6-4 ја совлада соодветната репрезентација на Албанија, а беа подобри и од Словенија со 3-2.
Денеска, на последниот ден од настанот нашите млади репрезентативки ќе играат во финалето со Италија од 18:30 часот.
Лина Луканова има 16 години и тренира за клубот „AS United“ од Струга, чиј член е и Тамара Лазеска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото/видео: Лина Луканова
Прочитано: 261