Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Битолскиот култен рок и панк бенд „Паркети“ имаат нова песна „Пустинско вино“, која е рокенрол приказна и комплетно дело на Сашо Паркет.
Групата е формирана во Битола во 1991 година од Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет. Познати се по своите настапи во живо, изгледот и смислата за хумор, но и специфичниот звук.
Нивните текстови секогаш имаат рима, но, како што сакаат да кажат членовите, текстовите се „апстрактни“. Првиот албум „Грижа на совеста“ го снимија во далечната 1996 година, а вториот „Газирана хармонија“ во 1998 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 98