Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот боксер Наум Стојаноски од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ ќе настапи на Светското младинско првенство во Будва, кое со награден фонд од 500.000 долари ќе се одржи од 20-ти октомври до 4-ти ноември.
Светската боксерска федерација ИБА ќе им обезбеди на сите претставници, за сите натпреварувачи и за тројца тренери по тим, бесплатно сместување и храна за учество, а дополнително, ќе биде одреден награден фонд во износ од 500.000 долари. Сите освојувачи на медали ќе добијат:
златен медал – 10.000 долари
Сребрен медал – 5.000 долари
бронзени медали – по 2.500 долари
– На овој начин се обезбедува огромна поддршка за сите национални асоцијации како и дополнителна мотивација за сите натпреварувачи кои ќе дадат се од себе да го свртат вниманието кон себе во Будва, на младинската сцена пред да влезат во сениорските рангови. Дефинитивно се подготвува до сега невиден спектакл и боксерски празник, соопштија од БК „Будва“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива