Охрид, 16. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат две години или полни 730 дена во кои Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина.
– Полни две години се зад нас, изминаа 730 дена во кои секојдневно објавивувавме дневни фотографии од нашиот преубав Охрид. Станува збор за повеќе локации во централното градско подрачје, кое и најчесто е посетувано од туристите. Идејата е да им понудиме „дневна доза“ на сите на кои им недостасува Охрид, без оглед на тоа дали потекнуваат од градот и живеат или работат на други места во земјата и светот, или едноставно им е паднат „Охридинот“ во крвта, потенцираат од „Охрид најубав“.
Додаваат дека фотографиите се без непотребни ретуширања и коментари и дека идејата е да се долови оној едноставен и секогаш преубав Охрид, во целата негова убавина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav