Скопје/Охрид, 17. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот на Унгарија Виктор Орбан следната недела ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, откри министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во емисијата 360 степени.
Тв21 јави дека Орбан ќе дојде во дводневна посета на Охрид, каде ќе биде дочекан од премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски. Според истиот извор, посетата ќе се оствари во четврток и петок, на 26-ти и 27-ми септември 2024 година.
Според најавите, во делегацијата на Орбан ќе бидат и неколку министри од неговата влада. (Крај)
извор: 360 Степени/Тв21 фото: архива
Прочитано: 20