Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Две можни причини поради кои не чешаат ушите

Охрид, 20. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британскиот терапевт Мартин Скер објаснува што може да предизвика чешање во пределот на ушите.

Тој објаснува дека чешањето и лупењето на кожата во ушните канали често се предизвикани и од егзема. Тој додаде дека болеста најчесто исчезнува по препишување на капки или маст со стероиди.

– Вообичаена практика е да се препишуваат антигабични лекови во исто време бидејќи оваа егзема може да биде поврзана со прекумерен раст на микороорганизмите од фамилијата Malassezia (габа), која живее на кожата, додаде докторот.

Сепак, тој истакнува дека егземата во конкретниот случај веќе треба да исчезне со препишаните лекови. Меѓутоа, ако болеста не реагира на овој третман, најверојатно дијагнозата не е точна и може да станува збор и за псоријаза. Оваа автоимуна болест е предизвикана од комбинација на фактори. Псоријазата предизвикува интензивен воспалителен одговор, прекумерен раст на клетките на кожата и појава на лушпести дамки кои чешаат.

– Псоријазата треба да се третира со масти кои содржат калципотриол. Оваа форма на витамин Д го намалува прекумерниот раст на клетките на кожата. Болеста брзо ќе реагира на таквиот третман, заклучува Скер. (Крај)

извор: index.hr фото: index.hr

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука