Охрид, 18. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – 21-годишниот Мухамед Максуд боледува од ретка болест на бубрезите која му била дијагностицирана пред 2 години.
Поради тоа му откажале двата бубрези и потребна му е трансплатација на бубрег. Неговата самохрана мајка е единствениот донор и имаат потреба од парична помош за операција во Турција.
Со ова ќе завршат неговите посети на хемодијализа и овој млад човек ќе може да се врати на нормален живот.
Сите кои можат да помогнат, истото можат да го направат преку уплата на транскционата сметка: 250019000552171. Телефон за контакт 078/448-600. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 234