Денеска остварив работна средба со
Охрид, 18. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вицепремиерот Љупчо Димоски денеска оствари работна средба со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, на која стана збор за изготвување на Стратегија за управување со кризи со цел поподготвено и поефикасно справување со пожари и други елементарни непогоди.
– Стратегијата најверојатно би била готова за две години. Но на неа ќе почне да се работи наредниов период и тoa ќе ни помогне многу подобро и поорганизирано да се справиме во случај на опожарување во наредното лето споредено со годинашното. Општината секогаш издвојувала средства за ТППЕ, од буџетот за наредната година ќе бидат издвоени дополнителни средства за набавка на дополнителна опрема за противпожарната единица, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека на денешната работна средба присуствувале и претстравници од ТППЕ, Националниот парк „Галичица“, од планинарската спасителна служба и претставници од Локалниот штаб за заштита и спасување на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива