Охрид, 19. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според истражувањето спроведено од британски научници, одредени видови преработена храна може значително да го зголемат ризикот од дијабетес тип 2.
Станува збор за намирници кои содржат високо ниво на калории, шеќер, масти и сол. Научниците идентификуваа четири видови ваква храна: солени грицки, производи од животинско потекло како преработено месо, готови оброци и пијалоци засладени со шеќер или вештачки засладувачи.
Истражувањата покажаа дека овие четири видови на храна се поврзани со поголем ризик од дијабетес.
– Ова истражување сепак покажува дека сите видови преработена храна не се еднакви во однос на здравствените ризици, забележува британскиот доктор Rachel Batterham.
Истражувачите следеле околу 312.000 луѓе од осум европски земји во просек 11 години, од кои скоро 15.000 учесници развиле дијабетес тип 2. Секое зголемување на внесот на високо преработена храна од 10%, резултирало со 17% зголемен ризик од дијабетес.
Покрај тоа, истражувачите препорачаа замена на високо преработената храна со помалку преработена или непреработена храна, како што се јајца, млеко и овошје. Овие промени во исхраната можат да помогнат да се намали ризикот од дијабетес, иако не постои сигурен начин за целосно спречување на состојбата.
– Она што е добро за вашето срце е добро и за вашиот мозок. Важно е да знаете дека изборот на храна игра голема улога во спречувањето на дијабетес и други хронични болести, како што се дебелината и срцевите заболувања. Замената на високоризичната храна со необработена може да биде клучна до поздрав живот, заклучи д-р Batterham. (Крај)
извор: index.hr фото: index.hr