Охрид, 19. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Попладне и кон крајот на денот можни се повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи.
Максималната температура ќе се искачи до 20. степени.
– Ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Во деновите од викендот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за слаб локален дожд во планинските региони. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес