Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи во Струга поради фалсификување исправа

Струга, 19. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 39-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа” и „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

– Тој, во својство на помлад референт – геометар во Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи во Струга, изработил лажно решение за приватизација на градежно земјиште по основ стекната со надомест, внел број од друг предмет, своерачно се потпишал и во име на овластениот потписник, фалсификувајќи го неговиот потпис, и го втиснал службениот печат од Министерството за финансии за првостепена постапка. Изготвеното лажно решение на 29-ти мај 2024 година го испратил во Одделение за катастар на недвижности во Струга со намера да биде катастарски впишано и спроведено, додека архивираниот предмет, чиј број го искористил, веднаш го уништил, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука