Охрид, 19. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 21-ви до 27-ми септември 2024 година, Црвен крст Охрид ќе ја одбележи Неделата на Промоција на хумани вредности (ПХВ).
– Меѓу бројните настани со промотивно-хуманитарен предзнак предвидени за оваа недела, го најавуваме прикажувањето на театарската претстава „Приказна за една идеја“ во изведба на младите волонтери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид која ќе се реализира во недела, на 22-ри септември 2024 година во предворејето на црквата „Св. Софија“, со почеток во 20:00 часот, информираат органзаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 268