Економија Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Годишна конференција на Македонската берза во Охрид

Охрид, 20. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, и утре, Охрид ќе биде домаќин на 23-та Годишна конференција на Македонската берза.

Ќе учествуваат претставици на финансискиот сектор, вклучувајќи банки, инвестициски и пензиски фондови, брокерски друштва, како и регулатори, академици, претставници на медиумите итн. Ќе има и учесници од странство, особено од пазарите на капитал во регионот на Југоисточна Европа.

Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат министерката за финансии Гордана Димитриeска Кочоска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити и главниот и извршен директор на Македонска берза Иван Штериев.

Годинашната програма на конференцијата вклучува повеќе теми, како улогата на домашните институционални инвеститори, регионалните случувања на пазарите на капитал во Југоисточна Европа, идните трендови на глобалните пазари, законската рамка за македонскиот пазар на капитал, стратегиите за семејно наследство, компаниите и берзата, како и иницијативи за поддршка на родовата еднаквост. (Крај)

извор: МИА фото: Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука