Охрид, 20. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието.
– Останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта. Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците, напомена Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека исто така се прават напори да се обезбедат средства за зголемување на плати во здравството. (Крај)
извор: Република фото: DW
Прочитано: 271