Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Хуманитарна забава за помош на Мухамед Максуд во Irish Pub Dublin

Охрид, 20. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 26-ти септември, со почеток во 20:30 часот, во Irish Pub Dublin ќе се одржи хуманитарна забава за помош на Мухамед Максуд.

Ќе настапат Ѓоко Танески, Камелеон, Backdoor Band, Александар Јосифовски и Urban Planet.

– Придружете ни се за една незаборавна вечер исполнета со хуманост и солидарност. Да помогнеме сите заедно за Мухамед, порачуваат организаторите.

21-годишниот Мухамед Максуд боледува од ретка болест на бубрезите која му била дијагностицирана пред 2 години. Поради тоа му откажале двата бубрези и потребна му е трансплатација на бубрег. Неговата самохрана мајка е единствениот донор и имаат потреба од парична помош за операција во Турција. Со ова ќе завршат неговите посети на хемодијализа и овој млад човек ќе може да се врати на нормален живот.

Сите кои можат да помогнат, истото можат да го направат преку уплата на транскционата сметка: 250019000552171. Телефон за контакт 078/448-600. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука