Скопје, 20. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека е донесена согласност за отповикување на целосната забрана за движење во шума и на шумско земјиште донесена на 15-ти јули 2024 година.
Одлуката е донесена по извршената процена за намален ризик за појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште од страна на ЈП „Национални шуми“ – Скопје и на нивно барање, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 45