Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Прв интернационален музички фестивал „Песните на Тоше“ во Националната опера и балет во Скопје

Скопје, 25. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти и 12-ти октомври во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи првиот интернационален музички фестивал „Песните на Тоше“.

Промоторот Марјан Катароски, вели дека целта е да продолжат да живеат песните на Тоше Проески, и новите генерациии да ги пејат.

– Воедно, секој пејач ќе даде свој печат, а ќе се пејат, секако во живо, на јазикот на кој се снимени. Ќе има учесници од Република Македонија, земјите од поранешна Југославија, од Израел, Украина, Русија… Музичарите кои секаде го следеа Тоше Проески, од првата вечер ќе ги изберат најдобрите дваесетина учесници што ќе настапат утредента, на гала вечерта. Во публиката ќе има многу гости, секако и членови на неговото семејството, со кои прво разговарав за овој проект, вели Катароски.

Фестивалот директно ќе го пренесува Македонската телевизија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука