Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето на дел од улица „Гоце Делчев“

Охрид, 27. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на дел од улицата „Гоце Делчев“ неколку часа без вода.

– Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од Дрвара до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука