Охрид, 22. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји, во организација на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) од Охрид, на 26-ти и 27-ми септември 2024 година ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024).
– Овој настан ќе биде еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја туку и на глобално ниво, информираат организаторите.
Официјалното отворање на конференцијата е закажано за 27-ми септември 2024 година, со почеток во 09:30 часот, во амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива