Забава Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Уште едно успешно издание на акцијата „За посреќно детство“ (Фото/Видео)

Охрид, 28. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на охридскиот Црвен крст Охрид денеска се одржа традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“.

Се одржаа бројни активност, меѓу кои и „главна трка“ на младите со старт на кеј „Македонија“, на потегот пред хотелот „Палас“. Пред Центарот за култура „Григор Прличев“, продолжија спортските, културно забавни и здравствено-едукативни содржини проследени со голем број награди. Средствата собрани од продажбата на учеснички броеви за акцијата, се наменети за помош на децата со здравствени потешкотии од социјално загрозените семејства во Охрид и Дебрца.

Традиционален партнер на акцијата „За посреќно детство“ е Стоматолошкиот Центар „Д-р Баткоски“, кој и оваа година подготви голем број награди и изненадувања, како и бесплатни корисни совети и препораки за правилна грижа и заштита на здравјето на устата и забите кај децата и возрасните.

Годинава, дел од настанот беше и новоотворениот Референтен Центар „Жан Митрев Клиник“, кој од неодамна започна да работи во Охрид.

– Го поздравуваме денешниот настан во организација на Црвен крст и бројните учесници со преубавата порака „За среќно детство“. Токму во тој контекст, многу е важно колку сите сакаме квалитетен живот, и колку понекогаш ни треба некој да не ислуша и упати. Следејќи ги сите наши истражувања, клиниката „Жан Митрев“, со својот лидер, академик д-р Жан Митрев поддржаа отворање на еден ваков референтен центар. Изборот на Охрид не беше случаен, затоа што станува збор за колевка на нашата писменост и култура. Програмските цели на Центарот се свртени кон задоволството на пациентите, превенцијата и следењрто на нивниот проблем од тегоба до решение. Особена чест и задоволство ни е што присуствуваме на денешниот настан и сме дел од оваа атмосфера. Што може да е поважно од здраво потомство и генерации и нивното среќно детство. Како да ни недостасува тој момент за и ние возрасните да се потсетиме во интерес на децата, затоа што тие се нашата иднина и сегашност, истакна во име на Центарот Татјана Ристова Димова.

Таа додава дека академик д-р Митрев го отворил и поддржал Центарот во Охрид и ја одобрил програмата со овие аспекти за работа.

– Канцеларијата е непрофитабилна и за било која услуга им стоиме на граѓаните да го слушнеме нивниот проблем, да помогнеме, ако е потребен разговор околу одредена проблематика. Важно е пациентите да продолжат понатаму со нормален живот и да ги мотивираме да бидат дел од сопствениот третман и од решението, а не дел од проблемот, потенцира Ристова Димова. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука