септември 24, 2024

Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Продолжуваат супер успешните изданија на „Мерак моментите“ во охридското „Форт Кафе“, оваа недела со „Форт Фест“.

– На ден пред празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, продолжуваат „Мерак моментите“ со „Форт Фест“ во Форт кафе. Најубавите хитови од најубавите години за најубавите спомени со Владо Броз, марама и Емилија. Најдоброто од Макфест, Валандово и сите песни кои потсетуваат на едно убаво време. Да пееме заедно и да уживаме во врвна храна – five course meal подготвен од специјалниот гостин-шеф, готвачот Филип Чаловски. Ќе ве пречекаме со ликер од вишна за добредојде, по што започнуваме со Tart shell со крем салата, Falafel, Bao bans со пилешко, мини бургер и cheesecake. Сето тоа залиено со шише вино од „Јостела“ по избор. За резервации од 4 лица, цената е 1.600 денари по лице, информираат од „Форт Кафе“.

Недела 29-ти септември од 15:00 часот. Влез слободен по претходна резервација на 078/242-099.

– Затоа што во Охрид секогаш се слушала најубавата музика и се јадела најдобрата храна. За крај на септември во име на Верата, Надежта и Љубовта и незаборавни мерак моменти. Зш меракот е најважен, порачуваат од „Форт Кафе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Be1 Digital Marketing 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука